
Иако оваа зима во Германија е посурова од вообичаеното, залихите на гас се доволни за нормално снабдување, велат експертите и властите. Според медиумите, капацитетите за складирање се полни околу 30 проценти, но германското Министерство за економија и енергетика и Федералната агенција за мрежи смируваат дека снабдувањето е обезбедено, благодарение на развиената инфраструктура за течен природен гас (LNG) и постојните гасоводи, особено од Норвешка.
Експертите по енергетика објаснуваат дека полнењето на складиштата е сезонски процес – складиштата се полнат летово и се користат главно во зимскиот период. Оскар Бурман од индустријата за гас посочува дека системот е способен да реагира и на дополнителни потреби на краток рок, а Себастијан Хајнерман од INES додава дека потрошувачката е флексибилна и може да се прилагоди на условите.
Главниот предизвик во моментов се цените на гасот. Минатото лето, цените биле толку високи што биле поголеми од зимските, што влијаело на економската логика за складирање. Германската влада нагласува дека интервенциите треба да се фокусираат на долгорочна безбедност на снабдувањето, а не на замена на одговорноста на пазарните играчи.























