
Русија изврши нов масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, предизвикувајќи прекини на електричната енергија во повеќето региони, вклучително и во Киев, во услови на екстремно ниски температури.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Соединетите Американски Држави поставиле рок до јуни за постигнување договор за прекин на руската агресија. „Американците сакаат војната да заврши до почетокот на летото и веројатно ќе извршат притисок врз двете страни според овој распоред“, рече Зеленски.
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека се водат „многу добри разговори“ за конфликтот и додаде дека „нешто може да се случи“. Преговарачите од Украина и САД разговарале за можноста мировен договор да биде постигнат до март, иако некои извори оценуваат дека рокот може да се пролонгира поради несогласувања околу територијалните прашања.























