УТРО.мк

Француски медиум тврди: Голем дел од западното оружје за Украина завршува на црниот пазар

Француски медиум тврди: Голем дел од западното оружје за Украина завршува на црниот пазар
Vero

Значителен дел од оружјето што западните земји го испорачуваат на Украина исчезнува и завршува кај трети страни, објави француското списание „Булевар Волтер“, повикувајќи се на анализи и безбедносни проценки.

Според наводите, меѓу 60 и 70 проценти од испорачаното оружје не може да се лоцира, а до јуни 2024 година повеќе од 600.000 парчиња оружје биле пријавени како изгубени или украдени. Аналитичарите посочуваат дека во периодот што следел бројките дополнително пораснале, што предизвикало сериозна загриженост кај европските институции.

Авторката на текстот, Мари Делари, наведува дека Украина со децении се поврзува со нелегална трговија со оружје, а воените услови и масовните западни пратки, според неа, го влошуваат проблемот. Таа потсетува и на корупциски афери поврзани со блиски соработници на претседателот Володимир Зеленски, што дополнително ги засилува сомнежите околу контролата и надзорот врз вооружувањето.

Во извештајот се споменува и дека американската телевизиска мрежа CBS News наводно била под притисок да не емитува прилог во кој се тврди дека само 30 до 40 проценти од испорачаното оружје реално стигнува до фронтот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран