
Повеќе од триста лица се приведени во инцидентите што се случија пред Факултетот за инженерство на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, пренесуваат грчките медиуми. Еден полицаец е повреден, а оштетени се неколку возила во судирите меѓу полицијата и група маскирани лица.
Според извештаите, инцидентите започнале околу два часот по полноќ, кога маскирани лица излегле од просториите на факултетот каде што се одржувала забава и почнале да фрлаат молотови коктели врз специјалните полициски сили присутни во близина. Полицијата одговорила со шок-бомби и солзавец, а немирите се прошириле и на околните улици, при што биле оштетени три паркирани автомобили.























