
На 07.02.2026 во 06:31 часот, во Полициската станица Кисела Вода беше пријавено дека во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје. Според пријавеното, момчето било нападнато околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје од 18-годишниот Л.В. Полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.























