Лавров: Средба Путин-Зеленски засега не е планирана
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека засега „нема планирана средба“ меѓу претседателите Владимир Путин и Володимир Зеленски.
„Путин е подготвен да се сретне со Зеленски кога ќе биде подготвена агендата за самитот, а во моментов таа апсолутно не е готова“, рече Лавров во интервју за американската телевизија NBC.
Тој додаде дека Русија е подготвена да покаже флексибилност по некои прашања што ги покрена американскиот претседател Доналд Трамп за време на самитот во Алјаска. „За некои точки се согласивме да покажеме одредена флексибилност“, истакна Лавров.