УТРО.мк

Над 60% од Полјаците се против распоредување нивни војници во Украина

Над 60% од Полјаците се против распоредување нивни војници во Украина
Vero

Мнозинството од граѓаните на Полска се против учеството на нивни војници во мултинационални мировни сили во Украина, покажува анкета на агенцијата SW Research, пренесува ДПА.

Според резултатите, 61,1% од испитаниците не поддржуваат распоредување на полски војници, 17,3% се изјасниле „за“, а 21,6% останале неодлучни.

Анкетата укажува дека мажите почесто се против од жените, како и помладите и жителите на градовите. Поддршка повеќе има кај постарите испитаници и жителите на руралните средини.

Во Европа со месеци трае дебата за евентуално распоредување мировни сили доколку се постигне прекин на огнот во Украина.

Полскиот премиер Доналд Туск веќе исклучи директно воено учество на земјата, но нагласи дека Полска е подготвена да даде логистичка и политичка поддршка.

Полска дели над 500 километри граница со Украина, а според УНХЦР, во јули таму биле регистрирани околу еден милион украински бегалци, по Германија која примила 1,2 милиони.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран