УТРО.мк

Мислела дека го оставила во градинка: Петгодишно дете починало откако неговата мајка го заборавила во заклучен автомобил на пеколни температури

Мислела дека го оставила во градинка: Петгодишно дете починало откако неговата мајка го заборавила во заклучен автомобил на пеколни температури
Vero

Петгодишно момче почина во Сан Антонио откако во среда помина речиси девет часа заклучено во прегреано возило, соопшти полицијата.

Мајката на детето, на возраст од 22 години, го оставила возилото пред зградата каде што работи, при што тврдела дека верувала дека, како и секој ден, претходно го оставила синот во градинката Pinnacle Kids Academy, пишува News4SA.

„Мајката била убедена дека го оставила детето во градинка“, изјави шефот на полицијата во Сан Антонио, Вилијам МекМанус. Момчето цел ден било врзано во детско седиште на задното седиште на возилото, додека температурата во автомобилот растела. Во Сан Антонио, дневната температура во среда изнесувала 35 степени Целзиусови.

Околу 16:30 часот, по завршување на работното време, мајката го пронашла синот без свест во автомобилот. Итната медицинска помош била повикана, но лекарите, пристигнувајќи околу 16:40 часот, можеле само да констатираат смрт.

Полицијата ја истражува целата ситуација, вклучително дали се работи за несреќен случај или можен кривичен дел.

„Истражната постапка е во тек“, изјави МекМанус.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран