
Идната унгарска влада, според изјавите на лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, нема да се вклучи во планот на Европската унија за заем од околу 90 милијарди евра наменет за поддршка на Украина, иницијатива што веќе беше блокирана од актуелната влада на премиерот Виктор Орбан.
Маѓар најави дека ќе отвори директни преговори со европските лидери, нагласувајќи дека смета оти Унгарија треба да биде исклучена од ваквите финансиски обврски. Според него, државата се наоѓа во сериозна економска состојба и приоритет мора да биде враќање на средства што, како што тврди, ѝ припаѓаат на земјата, наместо преземање нови задолжувања. Тој предупреди и дека јавниот долг значително пораснал во последните години, тврдејќи дека е речиси тројно зголемен од 2010 година.
Во однос на европската перспектива на Украина, лидерот на Тиса оцени дека не е реално земја во војна да стане членка на Европската унија. Тој истакна дека мнозинството членки не го гледаат тоа како остварливо сценарио во блиска иднина и потсети дека процесот на проширување подразбира долги и детални преговори по сите поглавја. Маѓар најави и можност за референдум во Унгарија за прашањето на членството на Украина, но нагласи дека такво изјаснување не е на повидок ниту во следните неколку години, ниту во наредната деценија.























