УТРО.мк

Насилно киднапирање за изнудување признание: Осомничени две лица од Кавадаречко

Насилно киднапирање за изнудување признание: Осомничени две лица од Кавадаречко
Vero

Основното јавно обвинителство во Кавадарци отвори истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, поради сомнение дека заеднички извршиле тешко кривично дело: грабнување, предвидено во Кривичниот законик.

Според наодите на обвинителството, инцидентот се случил на 12 април, кога осомничените наводно насилно го одвеле едно лице од неговиот дом во Неготино. Целта, како што се наведува, била да го принудат да сними изјава во која би признал дека ја силувал сопругата на едниот од нив.

Во текот на киднапирањето, еден од осомничените, 30-годишен маж, се заканувал со пиштол кој го репетирал, додека двајцата физички го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници и постојано му се заканувале по живот. Потоа му бил ставен црн ќесa на главата, а неговиот мобилен телефон бил фрлен за да се спречи каков било контакт со надворешниот свет.

Случајот добива уште поголема тежина со тоа што жртвата била пренесена по стариот пат кон Демир Капија и одведена во шумски предел, каде, според обвинителството, продолжило малтретирањето. Таму од него било барано да слуша аудио-снимки и да потврди дека токму тој е лицето на нив, но оштетениот упорно негирал.

Насилството ескалирало со нови закани за убиство и сексуално злоставување, по што осомничените продолжиле да го удираат, нанесувајќи му сериозни телесни повреди, меѓу кои и со пластична цевка.

И покрај сè, жртвата успеала дискретно да испрати порака за помош до полицијата пред да му биде одземен телефонот, а сведоци од околината забележале како влегува во возилото. Врз основа на тие информации, полицијата брзо ги идентификувала осомничените. Откако сфатиле дека се откриени, тие го однеле оштетениот во полициска станица во Неготино.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран