УТРО.мк

Трамп: „Блокадата почна – светот веќе ги чувствува последицата!“

Трамп: „Блокадата почна – светот веќе ги чувствува последицата!“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп во неочекувано обраќање од Белата куќа изјави дека САД нема да попуштат во преговорите со Иран, нагласувајќи дека клучното прашање за нуклеарното оружје останува главна пречка за договор.

Трамп посочи дека Техеран покажува силна желба за постигнување договор, но дека Вашингтон има јасна црвена линија.

„Иран нè контактира, тие сакаат договор и тоа многу. Се договоривме за многу работи, но не и за нуклеарното оружје. Иран нема да има нуклеарно оружје – тоа е јасно“, изјави Трамп, додавајќи дека е уверен оти на крајот ќе се постигне согласност.

Тој истакна дека САД се подготвени да го преземат збогатениот ураниум на Иран, испраќајќи директна порака дека исходот ќе биде во корист на американските позиции.

Во своето обраќање, Трамп откри и дека поморската блокада веќе стапила во сила, оценувајќи дека со тоа се спречува, како што рече, „уцена на светот“.

„Блокадата е активна. Бродовите веќе пловат кон САД за да ја земат најдобрата нафта“, нагласи тој.

Според него, ситуацијата може брзо да се реши, а дополнително информираше дека десетици бродови веќе минале низ Ормутскиот теснец во изминатите 24 часа.

Трамп додаде дека преговорите ги водат потпретседателот Џеј Ди Венс, како и неговите соработници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, оценувајќи дека тие завршиле „одлична работа“ во досегашниот тек на разговорите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран