УТРО.мк

Иран: Американската блокада во Ормутскиот теснец е „пиратство“

Иран: Американската блокада во Ормутскиот теснец е „пиратство“
Vero

Неколку часа по воведувањето на американската блокада, тензиите меѓу Иран и САД дополнително се зголемија, и покрај тоа што формално е во сила двонеделно примирје меѓу двете страни.

Ситуацијата во Ормутскиот теснец останува неизвесна и се опишува како состојба „ниту војна, ниту мир“, со кревка стабилност што може лесно да биде нарушена.

Иранските власти порачаа дека се решени да ја гарантираат безбедноста на овој стратешки важен поморски премин, но истовремено предупредија дека бродовите поврзани со нивните противници нема да имаат слободен пристап.

Од Техеран најавуваат и конкретни мерки за зајакнување на контролата врз теснецот, вклучително и можност за воведување царини и транзитни такси за странските бродови.

Дополнително, Иранскиот корпус на револуционерна гарда објави нова поморска рута која се движи поблиску до иранскиот брег, што се толкува како обид за засилување на надзорот и влијанието врз сообраќајот во регионот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран