УТРО.мк

Киднаперите завршија зад решетки – Ова се деталите

Киднаперите завршија зад решетки – Ова се деталите
Vero

Судот во Кавадарци им одреди по 30 дена притвор на двајцата осомничени за грабнување од селото Корешница, демиркаписко, потврдија од судот. Одлуката е донесена по предлог на Основното јавно обвинителство – Кавадарци, а мерката ја определил дежурен судија по претходна постапка.

Според Обвинителството, против двете лица е отворена истражна постапка поради основано сомнение дека како соизвршители учествувале во кривично дело „грабнување“ согласно Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 12 април, кога, како што наведуваат од Обвинителството, осомничените со сила одзеле едно лице со намера да го натераат да даде изјава со признание. Во текот на настанот биле употребени закани и физичка сила, а оштетениот бил однесен на локација надвор од населено место.

Од Обвинителството додаваат дека жртвата успеала да испрати порака за помош пред да му биде одземен телефонот, по што полицијата брзо реагирала и ги идентификувала осомничените. Подоцна тие го однеле оштетениот во полициска станица во Неготино.

Јавниот обвинител оценил дека постои опасност од бегство и повторување на делото, поради што бил предложен притвор, кој судот го прифатил и одредил во траење од 30 дена за двајцата осомничени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран