
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара разгледува опции за постапување кон Израел, меѓу кои и можност за воена интервенција, вклучително и испраќање воени сили, пренесуваат странски медиуми.
Ердоган во својата изјава се повика на претходни турски операции во регионот, истакнувајќи дека Турција е подготвена да реагира доколку оцени дека се загрозени Палестинците.
Тој наведе дека Израел, и покрај прекинот на огнот, предизвикал масовно раселување на цивили поради напади врз населени подрачја, додавајќи дека Турција „мора да биде силна“ за да спречи понатамошна ескалација.
Изјавата предизвика реакции од израелски претставници, кои упатија критики кон Ердоган и го обвинија за „империјални амбиции“, при што дел од нив најавија можни политички чекори и преиспитување на односите меѓу двете земји.
Во меѓувреме, турското Министерство за надворешни работи остро реагираше на изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, критикувајќи ги неговите ставови за регионалните преговори и неговите коментари упатени кон Анкара.























