
Крсто Вујиќ, кој се поврзува со Шкаљарскиот клан, е тешко ранет во пукотница што се случила денеска во Барселона, потврдуваат медиуми од регионот.
Инцидентот се случил нешто пред 16 часот во населбата Дијагонал Мар, кога напаѓачи отвориле оган кон Вујиќ додека тој седел на тераса од кафуле.
Според информациите, во моментот на нападот со него биле неговата сопруга и малолетниот син. Напаѓачите испукале повеќе куршуми, при што Вујиќ бил погоден четири пати.
Каталонската полиција веднаш интервенирала, а повредениот е пренесен во болница во критична состојба. Засега нема уапсени, а истрагата е во тек.
Мотивите за нападот и бројот на напаѓачи сè уште не се утврдени.























