
Кина соопшти дека ќе преземе „контрамерки“ доколку САД продолжат да ги зголемуваат царините кон кинески производи, реагирајќи на, како што наведува Пекинг, неточни медиумски информации за наводна кинеска воена помош за Иран.
Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека ваквите обвинувања се „целосно измислени“ и дека немаат никаква основа.
„Доколку САД продолжат да ги зголемуваат тарифите врз основа на овие тврдења, Кина ќе одговори со соодветни контрамерки“, порача портпаролот.
Од Пекинг дополнително истакнуваат дека извозот на воена опрема строго се контролира согласно домашните закони и меѓународните обврски, нагласувајќи дека земјата постапува одговорно и внимателно во ваквите прашања.























