
Повеќе населени места во тетовскиот регион утре (15 април 2026) ќе останат без електрична енергија поради најавени плански прекини.
Според информациите, прекин на струјата ќе има во селото Глоѓи во период од 09:00 до 14:00 часот, при што ќе бидат зафатени делови од селото кон џамијата, како и објекти во нејзина близина.
Во истиот временски интервал, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе остане и селото Пршовце, односно делот од селото кон ресторан „Панорама“.
Дополнително, од 09:30 до 14:30 часот, прекин ќе има и во селото Шемшево, каде што без струја ќе биде дел од населеното место.
Од надлежните служби информираат дека станува збор за планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија. Се апелира до граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности.























