УТРО.мк

Коњановски: Решаваме децениски инфраструктурни предизвици во Битола

Коњановски: Решаваме децениски инфраструктурни предизвици во Битола
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во интервју за емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека во градот се спроведува интензивна градежна и инфраструктурна офанзива со цел решавање на долгогодишни проблеми на граѓаните.

Тој посочи дека Битола има специфична урбана структура, со старо градско јадро и заштитени културно-историски целини, што значително ја отежнува реализацијата на градежни зафати во централните делови на градот.

„Битола е град со старо градско јадро, со улички кои се заштитени со закон, па делувањето таму е многу тешко, но тоа е предизвик со кој се соочуваме“, рече Коњановски.

Тој додаде дека во текот на неговиот прв мандат и првата година од новиот мандат се реализираат бројни инфраструктурни проекти, најмногу насочени кон реконструкција на водоводната и канализационата мрежа.

Според него, токму застарената инфраструктура со децении претставува еден од најголемите проблеми за граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран