УТРО.мк

Крвав судир во Рио: 64 мртви во акција против наркобандата „Црвената команда“

Крвав судир во Рио: 64 мртви во акција против наркобандата „Црвената команда“
Vero

Во масовна полициска операција во фавелите на северниот дел од Рио де Жанеиро загинаа најмалку 64 лица, меѓу кои и четворица припадници на полицијата. Според бразилскиот портал „Глобо“, акцијата е насочена против озлогласената банда „Црвена команда“, една од најстарите и најнасилните криминални групи во градот.

Полицијата уапсила 81 лице и запленила голема количина оружје и муниција. Војната на улиците започнала кога припадниците на бандата отвориле оган кон специјалните единици, запалиле барикади и користеле беспилотни летала со експлозив за напад на полицијата.

Во акцијата учествувале околу 2.500 полицајци, што ја прави една од најголемите безбедносни операции во последните години во Рио де Жанеиро. Властите соопштија дека операцијата ќе продолжи сè додека не се воспостави контрола врз областа, која долго време е под влијание на организираниот криминал.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран