УТРО.мк

Краков сака да ги прогласи за почесни граѓани полицајците што го запреа напаѓачот

Краков сака да ги прогласи за почесни граѓани полицајците што го запреа напаѓачот
Vero

Градоначалникот на Краков, Лукаш Гибала, побара градскиот совет по итна постапка да ги прогласи за почесни граѓани полицајците Јакуб Кулик и Артур Морански. Двајцата беа тешко ранети додека го запираа 24-годишниот напаѓач кој на 7 ноември отвори оган врз минувачи на главниот градски плоштад.

Според полициската хронологија, од почетокот на потерата до размената на оган поминале две минути и три секунди. Напаѓачот удрил во друго возило на крстосница, излегол од автомобилот и пукал кон полицајците. Иако и самиот бил ранет, Кулик возвратил со оган и го онеспособил напаѓачот, објави Полското радио.

Двајцата полицајци биле оперирани и остануваат во болница. Обвинителството во Краков потврди дека и двајцата се разбудени од кома. Полскиот премиер Доналд Туск им се заблагодари за храброста и оцени дека со својата брза реакција веројатно спасиле многу животи.

Според градските власти, во нападот загинаа шест лица, а 15 беа повредени. Напаѓачот почина во понеделникот рано наутро во болница.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран