УТРО.мк

Мицотакис со порака до Турција: Грција и Кипар продолжуваат со проектот од 1,9 милијарди евра

Мицотакис со порака до Турција: Грција и Кипар продолжуваат со проектот од 1,9 милијарди евра
Vero

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека Грција и Кипар се надлежни за издавање дозволи за истражувањата за подморскиот електроенергетски кабел што треба да ги поврзе двете земји. Тој го соопшти ставот на Атина во своето неделно обраќање, откако Турција оспори дел од планираната траса на проектот, чија вредност се проценува на 1,9 милијарди евра.

Анкара тврди дека дел од трасата минува низ подрачје што го смета за свој континентален гребен и дека за истражувањата е потребна нејзина согласност. Атина го отфрла тоа барање, повикувајќи се на меѓународното поморско право.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека спорот околу поморските известувања е разрешен, без да каже како. Продолжувањето на истражувањата со францускиот брод „Абеј Маренго“ беше најавено за понеделник.

Проектот „Грејт си интерконектор“ треба да ги поврзе електроенергетските мрежи на Грција и Кипар, со можност за подоцнежно продолжување на врската до Израел. Со кабелот, Кипар би добил директна врска со грчката електроенергетска мрежа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран