УТРО.мк

Кина конечно призна: Еве зошто Кинезите не сакаат Русија да ја изгуби војната во Украина

Кина конечно призна: Еве зошто Кинезите не сакаат Русија да ја изгуби војната во Украина
Vero

Кина го призна стравот од пораз на Русија во војната со Украина: Пекинг не сака Москва да изгуби

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, на неодамнешен состанок во Брисел и соопштил на шефицата на европската дипломатија Каја Калас дека Кина не го посакува поразот на Русија во конфликтот со Украина. Причината, според „South China Morning Post“, е стравот дека САД би ја префокусирале целата своја стратегиска внимателност кон Кина доколку војната заврши во корист на Украина.

Ванг ги отфрлил обвинувањата дека Кина воено или финансиски ја поддржува Русија, додавајќи дека во тој случај конфликтот веќе одамна ќе бил решен. Европските дипломати биле изненадени од неговата отвореност и реалните политички предупредувања дека доколку САД ги исполнат целите во Украина, стратегискиот фокус ќе се пренасочи кон Пекинг, што претставува сериозен безбедносен предизвик за Кина.

Иако Кина ја негира воената поддршка и се претставува како неутрален посредник, таа не ја осудува руската инвазија и задржува блиски политички и економски врски со Москва. Европската унија ја обвинува Кина дека ѝ испорачува производи со двојна намена на Русија, што Кина го негира.

Состанокот во Брисел, кој претходи на планираниот самит меѓу ЕУ и Кина во јули, поминал во напната, но формално коректна атмосфера. Кина предупредила дека самитот може да биде скратен доколку ЕУ не го промени својот пристап, особено по најавите за санкции кон две кинески банки поради прекршување на режимот на санкции кон Русија.

Покрај конфликтот во Украина, разговорите биле оптоварени со трговски и економски несогласувања, вклучувајќи ограничувања на кинескиот извоз на ретки минерали и зависноста на ЕУ од кинески суровини. Ванг ги намалувал овие проблеми, што европските претставници го оцениле како потценувачки став.

На состанокот се очекува само напредок во климатските политики, додека останатите теми остануваат спорни. По Брисел, Ванг ја посети Германија каде се сретна со новиот германски министер за надворешни работи, а се очекуваат и средби со други европски лидери.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран