УТРО.мк

Хорор во Белгија: Напад со нож во центарот на Антверпен: шестмина повредени

Хорор во Белгија: Напад со нож во центарот на Антверпен: шестмина повредени
Vero

Шест лица се повредени во напад со нож што се случи вечерва во центарот на белгискиот град Антверпен, во момент кога на плоштадот пред Операта се одржувал протест. Според официјалните информации од полицијата, две од повредените лица се во критична состојба.

Портпаролот на локалната полиција, Ваутер Браунс, информираше дека сите жртви имаат убодни повреди и дека во врска со инцидентот се приведени две лица осомничени за вмешаност во нападот.

Според првичните сознанија, осомничените биле измешани меѓу демонстрантите за време на протестот. Четири од повредените лица биле пронајдени на самиот плоштад, додека уште две биле лоцирани во околните улици.

На местото на настанот интервенирале повеќе медицински екипи, кои им укажале прва помош на повредените и ги пренеле во болница. Полицијата засега не соопштува информации за можните мотиви и карактерот на нападот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран