УТРО.мк

ВИДЕО: Обилни дождови и поплави во Атина, загинаа две лица

ВИДЕО: Обилни дождови и поплави во Атина, загинаа две лица
Vero

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер и поплави ја погоди Атина и делови од Грција, при што животот го загубија две лица, а надлежните служби интервенирале стотици пати.

Жена го загуби животот во атинската населба Глифада откако била повлечена од поројна вода на поплавена улица додека се движела пеш. Претходно во текот на денот, на Пелопонез загина припадник на грчката крајбрежна служба, кој при извршување службени задачи на пристаништето во Астрос, поради силниот ветер и брановите, паднал во морето.

Поширокиот регион на Атика од попладневните часови беше зафатен од интензивно невреме, при што повеќе улици и булевари се најдоа под вода, а сообраќајот беше сериозно нарушен. Најпогодени се западните и јужните предградија на Атина, каде што беше испратена и порака од бројот 112 за итни случаи, со апел до жителите на одредени населби да се евакуираат поради излевање на потоци.

Според податоците на Националната опсерваторија на Атина, во делови од градот за помалку од еден ден наврнале меѓу 118 и 146 литри дожд на квадратен метар. Големи количини врнежи се регистрирани и во источниот дел на Пелопонез, на островот Евија и во други региони на земјата.

Грчката противпожарна служба соопшти дека од вчерашните утрински часови до вечерва примила вкупно 603 повици за помош. Во поширокиот регион на Атина биле реализирани десетици интервенции, меѓу кои испумпување на вода од објекти, сечење паднати дрвја, пренесување на граѓани на безбедни локации и отстранување на опасни предмети.

Поради поплавите, во прекин беше сообраќајот на повеќе главни булевари, а проблеми беа регистрирани и во функционирањето на трамвајот, метрото и електричниот воз. Надојдена беше и водата во двете реки што минуваат низ Атина.

Како превентивна мерка, преку системот 112 беа испратени предупредувања до граѓаните да ги ограничат движењата, додека поради силниот ветер беше воведена забрана за пловидба, со што бродовите и траектите останаа закотвени во пристаништата. Воедно, сите училишта во областа Атика беа затворени.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран