УТРО.мк

Хаосот во Газа расте секојдневно: Дури и кучињата полудеа бидејќи јадат тела

Хаосот во Газа расте секојдневно: Дури и кучињата полудеа бидејќи јадат тела
Vero

Сведоштва од Газа: Опстанок меѓу рушевини, глад и страв

Додека Израел се подготвува за нова офанзива, жителите на Газа се соочуваат со очај и борба за гол опстанок, пренесува CNN. Нормалниот живот во градот е целосно уништен по израелските напади, а стотици илјади луѓе живеат во разурнати згради, без храна, вода и електрична енергија.

Некогашните згради се претворени во купишта урнатини, улиците се поплавени со отпад и канализација, а воздухот е исполнет со чад од гориво кое жителите го добиваат од пластика и дрво. Болниците и аптеките речиси не функционираат, додека храната и хигиенските производи се реткост и прескапи.

Страв владее и поради безбедносниот вакум. Ноќните часови се исполнети со вооружени групи и насилници, а семејствата се принудени сами да се бранат. Жителите сведочат дека дури и кучињата-скитници станале агресивни, хранети со телата на загинатите, што дополнително внесува ужас.

Хамас, кој претходно ја контролираше енклавата, по уништувањето на неговите институции делува од сенка. Иако се невидливи на улиците, нивните групи повремено се појавуваат со закани кон оние што крадат помош или соработуваат со Израел. Во меѓувреме, според експерти, организацијата продолжува со регрутација и користи мрежа на тунели како подземно „метро“.

Израелската војска најавува голема операција за целосно преземање на градот, со дополнителни 60.000 резервисти. Израелските извори најавуваат рок од два месеци за евакуација на цивилите пред нападот, но меѓународните организации предупредуваат на огромен ризик од нови цивилни жртви и масовни кршења на човековите права.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран