УТРО.мк

Дали ова треба да се спроведе и во Македонија? – Казни до 18.000 евра за фрлање ѓубре од автомобил

Дали ова треба да се спроведе и во Македонија?  – Казни до 18.000 евра за фрлање ѓубре од автомобил
Vero

Од 9 август, Италија ги казнува возачите кои фрлаат отпад од прозорците на своите автомобили. Прекршителите сега можат да добијат парична казна до 18.000 евра, да им биде одземена возачката дозвола или возилото, а во посериозни случаи дури и затворска казна.

Со новиот закон, казнувањето се олеснува преку видео надзор – фотографија од регистарската табличка е доволна за издавање на казна. Мерката е наменета за заштита на животната средина и зголемување на сообраќајната безбедност, бидејќи фрлените предмети од возилата можат да предизвикаат несреќи.

Висината на казната зависи од видот на отпадот: цигарата чини до 1.188 евра, а фрлање лименки, стаклени шишиња или кеси може да доведе до казна до 18.000 евра. За отпад или опасни супстанции во природни резервати се предвидени затворски казни од шест месеци до седум години, а нелегалното фрлање со службено возило може да резултира и со заплена на возилото.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран