УТРО.мк

Атина: Во контејнер пронајдени бомби и оружје

Атина: Во контејнер пронајдени бомби и оружје
Vero

Во атинската населба Кесариани утрово беше пронајдено големо количество оружје, муниција и 14 икони во контејнер за отпад, соопшти грчката полиција.

На терен веднаш излегле припадници на Службата за деактивирање на експлозивни направи и полициски кучиња, кои потврдиле дека станува збор за опасен арсенал.

Меѓу откриеното имало две оксидирани рачки за активирање на рачна бомба, офанзивна рачна бомба со детонатор, десет оксидирани глави од минофрлачки гранати, повеќе тела од минофрлачки гранати, расклопено рачно оружје, делови од митралез и автоматско оружје од Втората светска војна, револвери, чаури, куршуми од различен калибар, како и два метални боксирачи, лисици и пендреци на преклоп.

Освен оружјето, полицијата запленила и 14 икони, за кои засега не е познато потеклото.

Прелиминарната истрага ја води Поддирекцијата за криминални истраги на атинската полиција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран