УТРО.мк

Меџити: Мајка Тереза е симбол на љубов, солидарност и мир

Меџити: Мајка Тереза е симбол на љубов, солидарност и мир
Vero

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска заедно со делегации од Владата, Собранието и општините, положи венец со свежо цвеќе на спомен-плочата во центарот на Скопје посветена на Мајка Тереза, по повод 115-годишнината од нејзиното раѓање.

По церемонијата, Меџити истакна дека се сеќаваме на една од најсветлите личности на човештвото – мисионерката на љубовта и добитничка на Нобеловата награда за мир, родена во Скопје.

„Таа нѐ научи дека величината не се мери со функции и моќ, туку со служење, посветеност и љубов кон другиот. Нејзината порака останува водилка за нашата политика и општество – да работиме за мир, правда и солидарност, без да заборавиме никого,“ рече Меџити.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи да гради иднина во која Скопје повторно ќе биде препознаено во светски рамки како центар на културата, образованието, науката и технологијата, со јасна перспектива за младите и дух на хуманизам.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран