УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Со реконструкцијата на ул. „Дебарска“ ја зголемуваме безбедноста на граѓаните

Ѓорѓиевски: Со реконструкцијата на ул. „Дебарска“ ја зголемуваме безбедноста на граѓаните
Vero

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека целосно е реконструирана улицата „Дебарска“, една од пофреквентните сообраќајници во општината која подолг период била во многу лоша состојба.

Со обновата, улицата добила сосема нов изглед, а за дополнителна сигурност биле поставени и забавувачи на брзината, со што се создава побезбедна средина за сите учесници во сообраќајот.

„Со ваквите проекти целосно го менуваме ликот на Кисела Вода. Ова е уште еден доказ дека нашата стратегија за целосна инфраструктурна обнова не е само бледо ветување. Најдоброто допрва доаѓа,“ истакна Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран