УТРО.мк

Тепачки низ Тетовско: Нападнат тинејџер, работник и сопственик на имот

Тепачки низ Тетовско: Нападнат тинејџер, работник и сопственик на имот
Vero

Секторот за внатрешни работи Тетово информира за три сериозни физички напади пријавени во текот на вчерашниот ден на подрачјето што го покрива.

Според полицијата, 49-годишна жителка на село Копачин Дол од општина Желино пријавила дека нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од повеќе лица пред спортска сала на регионалниот пат Желино – Групчин. Некои од напаѓачите биле познати на малолетникот од претходно.

Во друг случај, во Полициското одделение Галате 39-годишен маж од село Добри Дол, гостиварско, пријавил дека бил нападнат на своето работно место во приватна фирма во село Неготино, општина Врапчиште.

Третиот инцидент бил регистриран во село Камењане, каде жител од местото пријавил дека бил нападнат во сопствениот двор поради нерешени имотно-правни односи со друг маж.

СВР Тетово најави дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и поднесување соодветни пријави против напаѓачите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран