УТРО.мк

Скандал на аеродромот: Патник со мерка „апси“ поминал без контрола

Скандал на аеродромот: Патник со мерка „апси“ поминал без контрола
Vero

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник со иницијали С.С., поради сомнеж за „несовесно работење во службата“.

Инцидентот се случил на 12 август 2025 година на Полициската станица за граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, кога службеникот не извршил контрола врз патник кој бил на СТОП-листата на МВР и требало да биде приведен. Како резултат, патникот успеал слободно да влезе во државата, при што е нанесена штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

„Министерството за внатрешни работи нема да толерира несовесно или незаконско постапување од страна на нашите службеници. Секој кој ќе ја злоупотреби службената должност ќе одговара согласно законските прописи“, велат од МВР.

Случајот е предаден на надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран