УТРО.мк

Паника во НАТО подигнати борбени авиони над Балтикот

Паника во НАТО подигнати борбени авиони над Балтикот
Vero

НАТО денеска распореди два германски борбени авиони „Јурофајтер“ поради ненајавено приближување на руски извидувачки авион над Балтичкото Море, потврдија официјални лица.

Како што пренесе агенцијата ДПА, млазните авиони полетале од воениот аеродром Росток-Лаге за да го идентификуваат рускиот авион „Иљушин Ил-20М“.

Според портпаролот на германските воздухопловни сили, авионот летал без сигнал и без претходно известување, но останал во меѓународниот воздушен простор.

Ова е 10-то алармно полетување над Балтичкото Море од почетокот на годината. Напнатоста во регионот расте поради зачестените шпионски инциденти и сомнителни акти на саботажа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран