На 25.08.2025 година околу 18:00 часот, Ф.Р. од с. Камењане, општина Боговинје, бил физички нападнат во својот двор. Нападот, според пријавата поднесена во Полициското одделение Камењане во 20:10 часот, се случил поради претходно нерасчистени имотно-правни спорови со соседот А.А.
Полицијата изјави дека случајот е целосно документиран и дека ќе следува соодветен поднесок против сторителот.