Претседателот на Перу, Хосе Хери, прогласи вонредна состојба во главниот град Лима на 30 дена, во обид да го запре бранот насилство и криминал што ја потресува земјата.
Во телевизиско обраќање, Хери најави можност за распоредување на армијата како поддршка на полицијата и ограничување на слободата на движење и јавните собири. „Војните се добиваат со дела, не со зборови“, изјави тој, додавајќи дека владата преминува „од одбрана во офанзива“ против организираниот криминал.
Од почетокот на годината до крајот на септември во Перу се регистрирани 1.690 убиства – значителен пораст во однос на лани.
Одлуката следи по смената на поранешната претседателка Дина Болуарте на 10 октомври, поради неуспешна борба со криминалот. Хери, тогашен претседател на Конгресот, веднаш ја презеде функцијата шеф на државата.
Протестите што траат веќе месец дена прераснаа во насилство – има еден загинат и повеќе од 100 повредени, меѓу кои и полицајци и новинари. Хери порача дека нема намера да поднесе оставка































