УТРО.мк

Израел ја засили офанзивата во Газа, евакуирани над 350.000 Палестинци

Израел ја засили офанзивата во Газа, евакуирани над 350.000 Палестинци
Vero

Израелската армија во текот на ноќта го засили напаѓањето на градот Газа, соопшти министерот за одбрана Израел Кац. Тој посочи дека целта на операцијата е ослободување на заложниците и пораз на палестинската милитантна организација Хамас.

„Газа гори. Израел нема да попушти додека мисијата не биде завршена“, напиша Кац на Телеграм.

Според американскиот портал „Аксиос“, операцијата означува почеток на копнена офанзива. Палестинските медиуми јавија дека израелски тенкови навлегле во градот, каде што се наоѓаат стотици илјади цивили, но ова сè уште не е потврдено од израелската војска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран