УТРО.мк

Иран ја предупреди Бугарија за американските воени активности

Иран ја предупреди Бугарија за американските воени активности
Vero

Софија – Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека Иран минатиот месец ја предупредил земјата да не дозволува на САД да ги користат бугарските аеродроми за авиони вклучени во воени операции во Иран.

Информацијата стана јавна откако пратеникот Станислав Балабанов од партијата „Постои таков народ“ објави нота од 18 март, во која иранската влада изразува протест против присуството на американски воени танкери на бугарскиот аеродром „Васил Левски“. Во нотата се наведува дека Иран „го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното право“.

Автентичноста на нотата ја потврди заменик-министерот за надворешни работи, Марин Рајков, нагласувајќи дека Бугарија не е во војна и дека ниеден борбен авион не користи бугарски аеродроми за учество во воени операции. Тој додаде дека Софија продолжува да одржува нормални дипломатски односи со Иран.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран