УТРО.мк

Француска министерка: НАТО не е за операции надвор од Европа

Француска министерка: НАТО не е за операции надвор од Европа
Vero

Париз – Француската министерка за војска, Алис Руфо, изјави дека НАТО не е предвиден за операции надвор од евроатлантскиот регион, вклучително и во Ормуската Теснина. „Тоа е воен сојуз што се занимава со безбедноста на евроатлантскиот регион. Не е наменет за операции во Ормуската Теснина, што би претставувало кршење на меѓународното право“, рече Руфо на конференцијата „Војна и мир“ во Париз, пренесуваат британските медиуми.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот „Телеграф“ потврди дека сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО, откако сојузниците не ја поддржаа воената акција на САД против Иран. Трамп го нарече НАТО „хартиен тигар“ и додаде дека повлекувањето на САД од сојузот е прашање што се разгледува сериозно.

Весникот истакнува дека ова е најсилниот сигнал досега дека Белата куќа ја преиспитува улогата на Европа како сигурен партнер во одбраната, откако сојузниците го отфрлија барањето на Трамп за испраќање воени бродови за повторно отворање на Ормуската Теснина. Преку оваа стратегиска морска рута минуваат околу 20 проценти од светската нафта, а блокадата на Техеран доведе до зголемување на цените на нафтата и гасот и до закана од глобална рецесија.

Трамп исто така нагласи дека САД секогаш биле присутни во однос на Украина, иако тој конфликт не бил директно американски проблем. „Украина не беше наш проблем. Тоа беше тест и ние бевме со нив и секогаш ќе бидеме со нив. Тие не беа со нас“, рече тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран