УТРО.мк

Бен-Гвир: Израел нема да попушти пред притисоците од Европа

Бен-Гвир: Израел нема да попушти пред притисоците од Европа
Vero

Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, изјави дека неговата земја нема намера да го земе предвид ставот на Европска Унија во врска со новоусвоениот закон за смртна казна.

„Испишавме историја. Отсега, секоја мајка во Јудеја и Самарија ќе знае дека ако нејзиното дете почне да убива, го чека најстрога казна“, изјави Бен-Гвир, додавајќи дека Израел нема да подлегне на надворешни притисоци или закани.

Контроверзниот закон беше усвоен во третото и последно читање во парламентот, каде што од 110 пратеници, 62 гласаа „за“. Иницијативата доби поддршка и од премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Усвојувањето на законот беше проследено со реакции и во самата сала. Дел од пратениците симболично ја одбележаа одлуката носејќи значки со мотив на јамка, што предизвика дополнителни контроверзии во јавноста.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран