
Иран остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, отфрлајќи ги како „лажни и неосновани“ неговите тврдења дека Техеран побарал прекин на огнот.
Од Министерството за надворешни работи на Иран соопштија дека не е поднесено никакво барање за запирање на конфликтот, спротивно на изјавите што претходно ги изнесе Трамп.
Американскиот претседател објави дека Иран побарал прекин на огнот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека такво сценарио би било можно само доколку се отвори Ормутскиот теснец.
„Ќе го разгледаме тоа кога Ормутскиот теснец ќе биде отворен, слободен и чист“, изјави Трамп, додавајќи дека во спротивно САД ќе продолжат со силен притисок врз Иран.
Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во интервју за Ал Џезира посочи дека теснецот е отворен за бродовите на „повеќето“ земји и дека неговиот статус ќе го утврдуваат Иран и Оман во рамки на нивните територијални води.























