УТРО.мк

Комуналец – Прилеп: Купишта отпад повторно исчистени од Старите градски гробишта

Комуналец – Прилеп: Купишта отпад повторно исчистени од Старите градски гробишта
Vero

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на овој простор, кој не го засега сите жители.

Според претставниците на „Комуналец“, најголем дел од отпадот, околу 90%, е комунален, кој веќе се собира преку редовната линија или со дополнителната услуга на претпријатието.

Денеска комуналните служби повторно го исчистија просторот, подготвувајќи го за претстојните православни празници – Цветници и Велигден. Граѓаните се повикуваат да бидат совесни, да го одржуваат просторот чист и уреден, со цел да покажат почит кон традицијата и христијанските вредности.

„Трпението има лимит, христијански е да се трпи, но секогаш постои граница“, наведуваат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран