
Општина Битола издава локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење на Градското шеталиште во Битола за периодот од 15.04.2026 до 15.10.2026 година.
Локација за поставување на урбана oпpeмa:
- вкупно 4 (четири) локации за поставување урбана опрема- тезга со површина од 2 м2 под Мезе Бар Јагода во Битола.
- вкупно 5 (пет) локации за поставување урбана опрема- тезга или трицикл со површина од 2 м2 до Детскиот парк, покрај оградата, во Битола.
- вкупно 14 (четиринаесет) локации за поставување урбана опрема- тезга или трицикл со површина од 2 м2 по должина на градското шеталиште, од лева страна гледано кон градскиот базен во Битола.Локациите за поставување на урбана опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.04.2026 до 15.10.2026 година.
Почетната цена за издавање на локација за поставување на урбана опрема на Градско шеталиште изнесува:
- 2.500,оо денари по локација под Мезе Бар Јагода (тезги)
- 4.000,оо денари по локација до детскиот парк, покрај оградата (тезги и трицикл)
- 5.000,оо денари по локација по должина на градското шеталиште, од лева страна гледано кон градскиот базен (тезги и трицикл)Почетните цени за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема се однесуваат на месечен период.Во почетната цена за издавање на урбана опрема не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и истите паѓаат на товар на најповолниот понудувач.Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое физичко лице со живеалиште во општина Битола и секое правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Битола и кое не е во постапка за стечај или ликвидација.























