
Во текот на изминатиот ден и ноќ, на подрачјето на СВР Тетово приведени се шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Сите лица управувале возила пред да се стекнат со право за управување, односно без возачка дозвола, при што возилата им се одземени и тоа:
На ул.„Благоја Тоска“ во Тетово во 12:00 и во 12:35 часот биле лишени од слобода се И.И.(65) од с.Палатица, тетовско и И.Ј.(62) од Тетово, кои управувале мопеди со тетовски регистерски ознаки;
На ул.„Маршал Тито“ во Тетово во 13:45 часот, во присуство на родител бил лишен од слобода 15-годишен малолетник од Тетово, кој управувал мопед со тетовски регистарски таблички;
Во населба Горна Чаршија во Тетово во 00:20 часот, е лишен од слобода Р.И.(26) од с.Требош, тетовско, кој управувал патничко моторно возило „порше“ со тетовски регистарски таблички;
На ул.„Беличица“ во Гостивар во 01:15 часот од слобода бил лишен А.С.(20) од с.Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко возило „ренџ ровер“ со гостиврарски регистарски таблички и
На ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар во 01:20 часот, е лишен од слобода А.Ш.(52) од с. Чегране, гостиварско, кој управувал патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски таблички.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.























