УТРО.мк

Инцидент во Ла Манш: Руски воен брод отвори оган кон јахта

Инцидент во Ла Манш: Руски воен брод отвори оган кон јахта
Vero

Руски воен брод отворил предупредувачки оган кон јахта која му се приближила во Ла Манш, јавува британската новинска агенција Press Association (PA).

Инцидентот се случил денеска околу 11:40 часот по локално време, во водите меѓу британскиот остров Вајт и францускиот регион Нормандија.

Според првичните информации, во настанот била вклучена руската фрегата „Адмирал Григорович“, која реагирала поради приближување на цивилната јахта.

Засега нема информации за евентуални повредени лица или материјална штета, а околностите околу инцидентот се предмет на понатамошно утврдување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin