УТРО.мк

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворено низ земјава – Ова се локациите

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворено низ земјава – Ова се локациите
Vero

До 18 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

Од нив, пет пожари се активни, два се ставени под контрола, додека седум се целосно изгаснати.

Како што соопштува ЦУК, активните пожари се на подрачјето на општините Илинден (с. Мршевци – сува трева), Босилово (с. Секирник – депонија), Чашка (с. Војница – нискостеблеста деградирана шума и сува трева), Кавадарци (с. Шивец – сува трева) и Штип (с. Долани).

Под контрола се ставени пожарите во општините Демир Хисар, кај градската депонија, како и во Кратово, во селото Железница, каде горела депонија.

Целосно изгаснати се седум пожари, меѓу кои во Битола кај Католичките гробишта, во Прилеп кај селото Мало Коњари и кај Средното училиште „Орде Чопела“, како и неколку локации во Гостивар и Теарце.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin