УТРО.мк

Илјадници војници и тенкови ќе тргнат кон Русија

Илјадници војници и тенкови ќе тргнат кон Русија
Vero

Северна Кореја испраќа војници и опрема во Русија

Шефот на украинската разузнавачка служба, Кирил Буданов, соопшти дека Северна Кореја планира во блиска иднина да испрати околу 6.000 дополнителни војници во Русија, заедно со воена опрема, вклучувајќи тенкови и оклопни транспортери, пренесува УНИАН.

Буданов посочи дека ќе бидат испратени 50 до 100 единици опрема, меѓу кои тенкови М2010 и транспортери БТР-80, кои можат да се користат за инженериски работи, деминирање и изградба на утврдувања.

Шефот на разузнавачката служба потенцира дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг има глобално значење, бидејќи само три земји имаат искуство со водење модерен широк фронтовски конфликт – Русија, Северна Кореја и Украина.

Буданов истакна дека Русија целосно ги финансира војниците и опремата од Северна Кореја, што за економски изолирана земја како Северна Кореја претставува значителна сума – десетици милијарди долари.

Според информациите од јужнокорејското разузнавање, Пјонгјанг продолжува да испорачува артилериски гранати за Русија, чие вкупно количество надминува 12 милиони парчиња.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран