Франција го зголеми нивото на тревога од „умерено“ на „високо“ поради нови случаи на птичи грип, со барање сите фарми за живина да ги држат птиците во затворен простор.
Птичjиот грип е сезонска болест што ја шират миграциските птици и во последните години предизвика колење на десетици милиони птици ширум светот, нарушувајќи го производството и зголемувајќи страв од пренос на луѓе.
Министерството за земјоделство соопшти дека досега се потврдени две епидемии на фарми и три во домашни јата, првиот случај е средината на октомври на фарма за фазани и јаребици на северот на Франција.
Новата одлука стапува на сила во среда.