УТРО.мк

Се апси во Прилеп во голема акција: Финансиската полиција влезе во болницата

Се апси во Прилеп во голема акција: Финансиската полиција влезе во болницата
Vero

Во Прилеп утрово се спроведува голема акција на Финансиската полиција, насочена кон истрага за можна злоупотреба во работењето на прилепската болница. Според првичните информации, приведени се неколку лица кои имале раководни функции во установата.

Од Основното јавно обвинителство потврдија дека акцијата се одвива по нивна наредба и дека станува збор за постапка во која се испитуваат сомнежи за финансиски злоупотреби.

„Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работењето на прилепската болница. Акцијата е во тек“, соопштија од Обвинителството.

Истрагата се фокусира на можни неправилности поврзани со јавни набавки и финансиски трансакции во последниот период. Повеќе информации од случајот се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран