УТРО.мк

Тешка сообраќајка во Македонија – загинал возачот

Тешка сообраќајка во Македонија – загинал возачот
Vero

69-годишниот Т. Ф. од гостиварското село Беловиште трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила во неделата наутро, околу 09:20 часот.

Според информациите на полицијата, патничко возило марка „Даеву Ланчија“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од починатиот, излетало надвор од коловозот под засега неутврдени околности.

Од здобиените повреди возачот починал на самото место, а неговата смрт била констатирана од лекар на Итната медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител. По негова наредба, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за несреќата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран