УТРО.мк

Фон дер Лајен: Постојат три опции за задоволување на финансиските потреби на Украина

Фон дер Лајен: Постојат три опции за задоволување на финансиските потреби на Украина
Vero

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо упатено до земјите членки на Европската унија во понеделник наведе дека постојат три можности за обезбедување финансиска поддршка за Украина, меѓу кои и заем финансиран преку замрзнатиот руски имот, но и можност за комбинирање на опциите.

„Ги утврдивме трите главни модели – поддршка финансирана од земјите членки преку грантови, заем со ограничен регрес финансиран преку задолжување на Унијата на финансиските пазари, или заем со ограничен регрес поврзан со готовинските средства од имобилизираниот руски имот“, навела фон дер Лајен во писмото до кое дошол „Ројтерс“.

Во документот со опциите приложен кон писмото, Фон дер Лајен додава дека „трите можности не се меѓусебно исклучиви. Тие можат да се комбинираат или да се применуваат последователно“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран