УТРО.мк

Лишени од слобода двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти, поднесена кривична пријава

Лишени од слобода двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти, поднесена кривична пријава
Vero

На 17.11.2025 околу 03:30 часот на излез од Гевгелија кон автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.Е.(27) и 22-годишната В.Е., двајцата од Република Албанија. Имено, во наведеното време, полициските службеници забележале патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки кое се движело со голема брзина, а кое го управувал М.Е., а сопатничка била В.Е.. Возилото било запрено, а во негова близина биле пронајдени пет лица мигранти, од кои еден од Сирија и четири од Египет.

Возилото и мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицата се задржани во полициска станица. Во консултација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран